Производството на автомобили во Германија расте, но се уште е под нивото од пред пандемијата

41

Производството на патнички автомобили на германските производни линии бележи континуиран пораст во изминатите осум месеци, иако вкупните бројки остануваат долго зад оние постигнати пред Ковид-19.

Во цела 2022 година, производителите на автомобили испорачале 3,4 милиони единици, што е за 11% повеќе отколку во 2021 година, покажуваат податоците од федерацијата на автомобилската индустрија VDA.
Целокупниот пораст на годишно ниво е малку изненадувачки, со оглед на претходните прекини на производството предизвикани од недостигот на полупроводници, од кои производството на автомобили постепено закрепна минатата година.

Во декември е забележано производство од 253.700 единици, што е зголемување за 2% на годишно ниво, што го прави осми месец последователно во кој оваа бројка е повисока отколку во соодветниот месец од 2021 година. Но, во споредба со пред-пандемиската 2019 година производството е значително пониско за 26%, забележува VDA.
Бројките за извозот се слични, со зголемување од 10% до 2,6 милиони единици во текот на целата година. Споредено со 2019 година, извозот е понизок за 25%.

Бројките за Германија покажуваат поинаков тренд, односно зголемување на домашните регистрации за само 1% годишно до 2,7 милиони единици. Несигурноста околу поскапувањето на енергенсите и војната во Украина предизвикаа резервираност кај купувачите, особено во првата половина од 2022 година. Во подоцнежниот тек на годината, пазарот закрепна од почетниот шок, а продажбата значително се зголеми. Во декември се регистрирани продадени 314.400 автомобили, што претставува зголемување од 38% во однос на декември 2021 година.

Извор: Eurometal