Расте побарувачката за јаткасти плодови во светот. До 2050 година би можела да се зголеми за 11 пати

Придобивките од конзумирање на ореви и јаткасти плодови како извор на хранливи материи и протеини се веќе добро познати. Насоките за здрава исхрана препорачуваат внес на 50 грама дневно јаткасти плодови. Но, ако светската популација се придржува до упатствата за нивната употреба како извор на проетини, до 2050 година побарувачката за јаткасти плодови би можела да се зголеми за 11 пати.

Но, секое зголемување на нивното производство треба да ја земе предвид одржливоста на водните ресурси.
Експертите предупредуваат дека во светот 74% од овие плодови се произведуваат под воден стрес, што секако предизвикува големи загуби на вода.

Во Небраска на универзитетот Твенте, експертите проучувале колку јаткасти плодови се произведуваат со наводнување. Резултатот покажа дека 74% од вкупното производство се одгледувало под воден стрес, од кои дури 63% пораснале под голем стрес во многу региони во светот. Повеќето вакви случаи се забележани во Индија, Кина, Пакистан, Блискиот исток, САД и Медитеранот. Водениот стрес се јавува кога побарувачката за вода ја надминува достапната количина за одреден период или кога слабиот квалитет ја ограничува неговата употреба.

Што се однесува до производството на јаткасти плодови, најголем дел отпаѓа на одгледувањето бадеми. Околу еден милион тони годишно од овој хранлив јаткаст плод се произведува со огромна потрошувачка на вода, од кои дури 60% во Калиформија. После тоа следат оревите, фстаците, кикириките…

Во медитеранската област, со зголемена потрошувачка на вода, се одгледуваат големи количини бадеми и лешници, вклучително во Шпанија, Италија, Грција, Турција, Израел, Либан, Либија, Тунис и Мароко.

Експертите препорачуваат дека со огед на фактотшто веќе голем дел од производството на јаткасти плодови се произведува под голем воден стрес, зголемувањетона нивното производство треба да се обмисли и да биде на одржлив начин.
Со цел нивното одгледување да биде поодржливо, експертите препорачуваат дека е многу важен изборот на местото каде тие ќе се произведуваат, интегрираното управување со водните ресурси и намалувањето на загубата на храна и отпадоци во ланците на снабдување.