Светските лидери постигнаа согасност за воведување на најстроги санкции кон Русија и исклучување на одделни руски банки од системот SWIFT со што ќе се усложни извозот и увозот со Русија.

САД и лидepитe нa Eвpoпската Унија, Фpaнција, Гepмaнија, Итaлија, како и Oбeдинетото Кралство и Kaнaдa постигнаа согласност одделни руски банки дa бидaт исклучени од cиcтeмот ЅWІFТ, со што ќе се остават надвор од меѓународниот финансиски систем и ќе им се оневозможи да работат глобално. Ова е потврдено во заедничка изјава на Европската комисија и Стејт Департментот на САД.

 Лидерите ја осудуваат војната инвазија на Русија врз Украина и изразуваат поддршка за херојските напори на украинските власти и украинскиот народ за отпорот против руската инвазија.

“Војната на Русија претставува напад против основните меѓународни правила и норми кои се воспоставени по Втората светска војна, кои ние сме решени да ги браниме. Русија ќе ја држиме одговорна и заедно ќе гарантираме дека оваа војна е стратешки неуспех на Путин”, се вели во изјавата.

Тие, исто така, светските лидери договориле и рестриктивни мерки со кои ќе ја спречат Руската централна банка да располага со своите девизни резерви во странство.

„Додека руските сили ги продолжуват нападите врз Киев и другите украински градови, ние сме решени да продолжиме да наметнуваме огромни трошоци за Русија. Трошоците што дополнително ќе ја изолираат Русија од меѓународниот финансиски систем и нашите економии“, рече Урсула фон дер Лајен, претседател на Европската комисија, извршната власт на Европската унија.

Санкциите имаат за цел да го спречат Путин да искористи 630 милијарди долари од девизните резерви на централната банка во инвазијата на Украина и да го одбрани падот на рубљата.

Се проблематизира извозот и увозот со Русија

Дополнително, исклучувањето на руските банки од системот SWIFT – главната меѓународна мрежа за – задава удар на руската трговија и им го отежнува бизнисот на руските компании. Со исклучувањето на руските банки од системот SWIFT се комплицира трговијата на Русија со странство.

SWIFT, или “Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication” е безбеден систем за пораки што ги олеснува брзите прекугранични плаќања, што овозможува непречено одвивање на меѓународниот трговски тек.

SWIFT е всушност безбедна платформа за финансиските институции да разменуваат информации за глобалните монетарни трансакции како што се трансферите на пари.

Иако SWIFT всушност не преместува пари, тој работи како посредник за да ги проверува информациите за трансакциите преку обезбедување безбедни услуги за финансиски пораки до повеќе од 11.000 банки во над 200 земји, заради што се смета за главен механизам за непреченото финансирање на меѓународната трговија. SWIFT е со седиште во Белгија, го надгледуваат централните банки од единаесет индустриски земји: Канада, Франција, Германија, Италија, Јапонија, Холандија, Шведска, Швајцарија, Обединетото Кралство и САД, покрај Белгија.

Овие заеднички санкции се најстрогите мерки против Москва откако нејзините сили влегоа во Украина и се очекува лошо да ја погодат земјата која е силно зависна од платформата SWIFT за нејзината клучна трговија со природни ресурси, особено плаќањата за нејзиниот извоз на нафта и гас. Прекинувањето на една земја од SWIFT во финансискиот свет е еквивалентно на ограничување на пристапот до Интернет на една нација, бидејќи ќе ја остави земјата да се потпре на „телефонот или факс машината“ за да изврши меѓународни плаќања.

Според најновите податоци на Државниот завод за статистика, македонската економија минатата година имала трговија со Русија вредна 198 милиони евра лани, според што е 20-ти по големина трговски партнер на Македонија со учество од 1,2% во вкупната трговска размена. Од 48 милиони евра се извоз кон Русија (0,7% од вкупниот извоз), а 150 милиони се увоз од Русија (1,6% од вкупниот увоз).
На рускиот пазар најмногу извезуваме овошје и зеленчук, лекови, акумулатори и тутун. На страната на увозот над 102 милиони евра изнесува увозот на нафтени деривати, 20 милиони евра отпаѓаат на топловалани челични производи, околу 5 милиони евра е увозот на вештачки ѓубрива, потоа се увезуваат и пластични производи, алуминиум и бакар.

Се уште се прецизираат сите детали за тоа кои банки и субјекти ќе бидат предмет на новите мерки, но повеќе од веројатно е дека оние банки кои се веќе санкционирани од САД и ЕУ ќе бидат први остранети од системот за меѓународни плаќања, а меѓу нив се петте најголеми банки во Русија, како државните Sberbank и VTB, како и  Otkritie, Novikombank and Sovcombank.

Секој ден руските банки вршат девизни трансакции во вредност од околу 46 милијарди долари на глобално ниво, од кои 80% се во американски долари, покажуваат податоците на американските финансиски власти. Најголемиот дел од овие трансакции сега ќе бидат нарушени.

Пред ова, само една земја беше отсечена од SWIFT – Иран. Тоа резултираше со губење на една третина од својата надворешна трговија. Потегот против Русија засега е само делумно спроведен, а покриени се само некои руски банки. Опцијата за нејзино проширување до забрана за сите земји е нешто што САД и нивните сојузници го задржуваат како понатамошен ескалаторен потег.