Словенечката автомобилска индустрија нема да преживее без дополнителна државна помош и заради тоа бараатод државата средства со кои ќе се поркива чекањето за работа и работата со скратено работно време.
Поради пандемијата на коронавирус, словенечката автомобилска индустрија се најде во најтешка криза досега, предупредуваат од Словенечкиот автомобилски кластер.
Тие ја повикуваат владата да ги прошири мерките од постојните анти-корона пакети со мерки, во спротивност се можни големи отпуштања или дури и банкроти на компании.

Според податоците од компаниите, словенечката автомобилска индустрија претрпела пад на производството од 60% во април и пад од 50% во мај. Тие не очекуваат закрепнување во јуни, а се уште е рано за јулската прогноза.


Неодамна и компаниите кои работат во индустријата за автомобилски делови во Македонија доставија предлог мерки за помош од државата за да се поддржи ликвидноста на комапниите, кои се меѓу најголемите извозници и за да се спречи отпуштањето на работници.


Според компаниите кои работат во оваа индустрија, сегашната криза поради пандемијата на коронавирус е многу полоша од светската финансиска криза пред десет години, заради што е важна соодветна акција од државата.

Директорот на Хидрија Холдинг, Изток Сеjак, вели дека се изложени на ризик да се изгубат 25% од работните места, што во најлош случај би значело 10.000 дополнителни невработени за словенечкиот пазар на труд.
Ова исто така би довело до голем пад на приливот од придонеси за плати, кои според Сеjак би бил повисок од обемот на државна помош.
„Иако инвестицијата на државата се чини голема, таа ќе се исплати брзо“, истакна тој и посочи дека владините мерки мора да им дозволат на работодавците да го прилагодат тимот на работниците кон вистинската состојба на нарачките.

Според Асоцијацијата на производители на авто делови, во Словенија работат околу 300 компании во автомобилската индустрија во кои се вработени 16.000 луѓе, кои создаваат обрт околу 4 милијарди евра, односно околу 10% од словенечкиот БДП.