Home Вести Словенечките банки го огложуваат плаќањето кредити на фирмите една година

Словенечките банки го огложуваат плаќањето кредити на фирмите една година

Владата на Словенија во средата донесе Закон за одложување на кредитните обврски на компаниите, задругите, трговците поединци и фармите за време на криза со коронавирус.

Според министерот за финансии Андреј Ширцељ станува збор за интервентна мерка со која банките можат да им ги одложат кредитните обврски на погодените компании на на 12 месеци, а доколку се работи за компании кои мораат да престанат со работа заради епидемијата, законот предвидува дека банката мора да им го одобри таквото одложување на плаќањето на кредитот и каматите.

На оваа мерка словенечката Централна банка немаше никаков приговор бидејќи се очекува и Европската централна банка (ЕЦБ) да ги олесни правилата за финансиската дисциплина во моментот на кризата со коронавирус, рече Ширцељ, кој смета дека таквата мерка нема да има негативни ефекти врз банките и финансискиот систем бидејќи банките имаат повеќе од доволна ликвидност и се во добра финансиска кондиција.

Мерката за одложување на плаќањето на кредитоте засега не се однесува на физичките лице, но се остава можност и тие да бараат одложување на кредитните обврски во зависност од ситуацијата, при што банките нема да смеат да го одбијат барањето без втемелено образоложение.

 

error: Content is protected !!
Exit mobile version