Home Вести Србија со рекорден извоз на земјоделски производи од 4,1 милијарди долари минатата...

Србија со рекорден извоз на земјоделски производи од 4,1 милијарди долари минатата година

FOTO TANJUG

Србија минатата 2020 година оствари рекорден извоз на земјоделски производи, вреден 4,1 милијарди долари, изјави спрскиот министер за земјоделство, Бранислав Недимовиќ.

Според Недимовиќ, Србија најмногу извезувала во ЕУ и Русија, а нови пазари се Кина и Индија.

„Имаме потенцијал да го зголемиме извозот со традиционални производи, но исто така и со капацитети за преработка. Затоа Владата ќе донесе нов акт во следните седум дена што ќе поттикне нови капацитети и технологии во земјоделската преработувачка индустрија, затоа што имаме сурови материјали”, изјави Недимовиќ за РТС.

Извор: RTS

error: Content is protected !!
Exit mobile version