5.8 C
Skopje
среда, февруари 18, 2026

Сушата предизвика застој во Панамскиот канал: Бродовите чекаат 21 ден за транзит

Околу 154 бродови чекаат да го преминат Панамскиот канал како последица на застојот предизвикан од нискиот водостој заради големата суша што ја зафати оваа централно американска држава. Сегашното време на чекање за преминување на каналот, кој важи за една од главните транспортни порти во светот, минатата недела достигна околу 21 ден, откако август започна со веќе долги 15 дена.

Џо Монаган, извршен директор на Worldwide Logistics Group (WWL), глобален шпедитер, изјави за Splash: „Типично, оваа ситуација трае се додека не се појават поврнежливи месеци. Историски тоа е октомври/ноември, а летните месеци се најсуви. Штом ќе се укинат рестрикциите, може да биде потребно извесно време да се исчисти застојот”.

Бродовите мора или да чекаат подолго за да транзитираат низ каналот или океанските превозници донесат деловна одлука да одат кон алтернативни рути, кои додаваат време и трошоци за гориво на патувањето. Испорачувачите кои користат повеќе бродови за да го преместат својот товар ги зголемуваат трошоците за товарот и времето на испорака.

На крајот овие трошоци може да завршат да бидат пренесени на бизнисите и потрошувачите.

За каналот и неговите корисници ова претставува голем предизвик бидејќи повеќе од 3% од глобалната трговија минува низ него. Каналот е особено важен за американските увозници, бидејќи нивниот товар сочинува 73% од сообраќајот низ Панамскиот канал.

- Advertisment -

НАЈЧИТАНИ

Македонија и САД ќе договараат нов договор за реципрочна, фер и...

Со Договорот ќе се утврди кои македонски производи ќе имаат пристап до американскиот пазар со помали ацрински стапки од основната стапка од 15%, а...
error: Content is protected !!
Exit mobile version