Унгарија и Кина потпишаа договор за заем за финансирање на изградбата на железничка врска меѓу Будимпешта и Белград, објави министерот за финансии на Унгарија, Михали Варга, означувајќи го повторното заживување на проектот што со години е застој, објавува Ројтерс.

Вложувањето е дел од кинеската иницијатива „Еден појас, еден пат“, чија цел е отворање нови надворешно-трговски врски за кинеските извозни компании.

Ова е прв голем кинески инфраструктурен проект во рамките на Европската унија.

Целта е да олесни испораката на кинески производи од Грција во Западна Европа. Кинезите веќе ја поседуваат една од најзначајните европски пристанипта Пиреја, но клучните делови низ Балканот се уште недостасуваат, за таа трговска врска да биде целосна.

Некои аналитичари веќе подолго време изразуваат загриженост поради тоа што Кина купува политичко влијание преку финансирање на вакви големи инфраструктурни проекти ширум светот.
Варга во видео на својата страница на Фејсбук рече дека кинескиот заем носи фиксна каматна стапка и опција за предвремена отплата, но тој не ги соопшти точните услови и која каматна стапка ќе ја плаќа Унгарија.

Претходно овој месец, Унгарија достави законодавство со кое на 10 години се класифицира, односно се направија тајни за јавноста, сите податоци вклучени во договорите за овој железнички проект вреден 2,1 милијарда долари, кој е финансиран од даночните обврзници.

Во предлог-законот се тврдеше дека целта е да се помогне полесно да се обезбеди заем од кинеската Експорт Импорт банка.

Проектот за железничката пруга е втор најскап проект во Унгарија после нуклеарната централа „Пакс“ што ќе го гради рускиот „Росатом“.

Тој информираше дека новата железничка врска, која треба да биде завршена до 2025 година, ќе и овозможи на Унгарија да биде центар за европските логистички мрежи, бидејќи кинеската стока патува од Грција за Западна Европа.

Унгарскиот дел од железничката пруга од 150 километри ќе го гради конзорциумот CRE, sostaven od холдинг компанија Opus Global, контролирана од Лоринк Мецарос, соработник на премиерот Виктор Орбан.

Проектот за изградбата на железничката врска Белград-Будимпешта веќе долго време со одложува.

Меморандумот за изградба на железничката рута од пристаништетот Пиреа до Будимпешта беше потпишана уште во 2014 година, а тогаш оваа иницијатива беше потпишана и од страна од поранешниот премиер Никола Груевски.

Изградбата во Србија започна во 2018 година, откако Србија зема кредит од Кина од  297,6 милиони долари.

„Но, треба да погледнеме како изградбата ќе се одвива понатаму кон југ, бидејќи овој проект нема смисла сè додека не се изгради целата железничка пруга до пристаништето Пиреја во Грција“, вели за Ројтерс унгарски експерт за кинески односи, кој посакал да остане анонимен.

Кина има и политичка мотивација од реализацијата на овој проект , иако финансиски ова не е голем деловен проект за Кина.

По повеќе од 10 години на иницијатива за соработка помеѓу Кина и источноевропските земји, позната како 17 + 1, ова ќе биде првиот најголем инфраструктурен проект на иницијативата во регионот и во рамки на ЕУ.

„Имаме договор за заем кој е поволен и безбеден за Унгарија“, рече Варга во видеото, додавајќи дека условите на заемот се „поволни во однос на тековно достапните услови за финансирање на долгот“.

Околу 85% од финансирањето на овој проект доаѓа од Кина како заем, додека 15% е обезбедено од Унгарија, изјави министерот Варга .