Home Вести Македонија УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата се додека траат кризните...

УЈП нема да доставува решенија за присилна наплата се додека траат кризните мерки

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници дека нема да презема никакви дополнителни мерки и да доставува решенија за присилна наплата. 

УЈП ги информира даночните обврзници дека нема да доставува решенија за присилна наплата од парични средства по основ на сите даноци и други јавни давачки (глоби, судски такси), за сите оние обврзници кои ги немаат подмирено своите обврски кон УЈП.
Оваа мерка ќе важи се додека траат препораките и мерките на Владата на Република Северна Македонија и Министерството за здравство, а се однесуваат на спречување на ширењето на корона вирусот.

error: Content is protected !!
Exit mobile version