Нафтата „брент“ денеска порасна близу 130 долари за барел, што е највисоко ниво од 2008 година, по информациите дека САД и европските сојузници размислуваат да воведат забрана за увоз на руска нафта и одложување во потенцијалното враќање на иранската сурова нафта на глобалните пазари поттикнаа тесни стравови за снабдување.
Фјучерсите на суровата нафта „брент“ скокнаа за 10,88 долари, или 9,2%, на 128,99 долари за барел, додека американската „Вест Тексас интермедијт“ (WTI) се искачи на 9,80 долари или 8,5%, на 125,48 долари.
Во првите неколку минути од тргувањето во понеделникот, двата вида на нафта, кои служат како одредници во формирањето на цените, се искачија на повеќе од 10 долари за барел на највисокото ниво од јули 2008 година.
Највисоките нивоа во понеделник се блиску до рекордните нивоа забележани за двата договори во јули 2008 година, кога Брент достигна 147,50 долари за барел, а WTI достигна 147,27 долари.
Соединетите Американски Држави и европските сојузници размислуваат за забрана за увоз на руска нафта, рече Блинкен во неделата, а Белата куќа се координира со клучните конгресни комисии, продолжувајќи со сопствената забрана.
„Борбата за дополнителни барели нафта за да се пополни она што би можело да доведе до 3-4 милион барели дневно дефицит на рускиот извоз несомнено ќе се префрли во голема брзина оваа недела“, рече Хелима Крофт од RBC Capital во белешката.
Глобалните цени на нафтата се зголемија за повеќе од 60% од почетокот на 2022 година, заедно со другите артикли, предизвикувајќи загриженост за светскиот економски раст и стагфлацијата. Кина, втората најголема светска економија веќе гочекува забавен раст од 5,5% оваа година.
Само минатата недела, цените на нафтата на светските берзи се зголемија за 21%
Аналитичарите на Банката на Америка рекоа дека ако поголемиот дел од извозот на нафта на Русија биде прекинат, може да има дефицит од 5 милиони барели или поголем, а тоа значи дека цената на нафтата може да се удвои од 100 на 200 долари за барел, додека аналитичарите на JP Morgan велат дека оваа недела нафтата може да се искачи на 185 долари за барел оваа година.
„Доколку затегнатоста на понудата не се намали, нафтата може да го надмине својот рекорд“, рече Хауи Ли, економист во сингапурската банка OCBC.
„Во најлошото сценарио за целосна санкција на рускиот извоз на енергија, нема да ме изненади ако видам Брент да се тргува над 200 долари“, додаде тој.
Русија е најголем светски извозник на сурова и нафтени производи заедно, со извоз од околу 7 милиони барели дневно, или 7% од глобалната понуда.
Извор: Reuters