Додека за многу бизниси вклучени во меѓународнатра трговија изминатава година беше хаотуична и преполна со пречки и енормен раст на трошоците за транспорт, за големите контејнерски превозници 2021 година ќе биде дефинитивно година на рекордни резултати.
Според анализите на Alphaliner, 10-те најголеми контејнерски поморски превозници во светот годинава ќе ја завршат со рекорден профит 120 милијарди долари (EBIT –заработка пред камати и даноци).
Тоа е профит за дури шест пати од профитот кој компаниите го оствариле во 2020 година. Причината за големиот раст на профитит лежи пред се во неколкукратното зголемување на цените на контејнерскиот превоз, предизвикан од големата побарувачка која нагло порасна со отварањето на економиите и глобалното заздравување на екомијата по големиот удар кој го предизвика пандемијата.
Објавените резултатите од третиот квартал годинава само ги потврдуваат позитивните трендови во оваа индустрија. Така на пример најголемиот превознник A.P. Moller-Maersk објави раст на профитот од 355%, на 5,9 милијарди долари само за третиот квартал годинава. Hapag Lloyd објави речиси десеткратн зголемување на профитот на повеќе од 6,7 милијарди долари за првите девет месеци.
Во првите девет месеци, 10-те најголеми контејнерски превозници веќе оствариле профит од над 80 милијарди евра. При тоа, оперативната профитна маржа изнесувала високи 56%, што е огромен раст на профитабилноста ако се спореди со профитната оперативна маржа што компаниите ја имале во истиот период пред две години.
Првите луѓе на најголемите контејнерски превознци очекуваат пазарните услови да останат слични до крајот на 2021 и почетокот на 2022 година.