12 македонски фирми учествуваат на најголемиот саем за овошје и зеленчук Fruitlogistica во Берлин

Во Берлин вчера се отвори Меѓународниот саем за овошје и зеленчук Fruitlogistica 2020, на кој учествуваат 12 македонски компании кои се занимаваат со извоз на овошје и зеленчук. Меѓу учесниците се Хортена, Туран, Екстра Фунги, Баџо, Виториа Фрут, Агролозар, Невада, Душан Ќириќ, Румко 91од Ресен, Перминдекс, Фрукт Компани и Јуникс.

Саемот кој трае од 5 од 7 фавруари 2020 е најважниот светски саем во секторот свежо овошје и зеленчук, на кој изложуваат повеќе од три илјади компании од 130 земји, со околу 80.000 посетители.

Саемот Fruitlogistica во Берлин како водечки меѓународен саем за свежо овошје и зеленчук, е многу важен настан за македонското земјоделство зошто на истиот секоја година се присутни најголемите увозници и дистрибутери, меѓу кои и глобалните лидери во индустријата за свежи производи и истиот е место за согледување на најновите трендови, како и развој во производството и трговијата на свежо овошје и зеленчук. Овој специјализиран саем им нуди на сите сектори поврзани со свежо овошје и зеленчук, идеална можност да ги презентираат своите производи од самото нивно производство до точката на продажба, како и идеална можност за остварување на меѓусебен бизнис

Саемот Fruitlogistica ги опфаќа сите сегменти на производство на свежо овошје и зеленчук. Покрај примарните производители на свежо овошје и зеленчук, изложуваат и компании кои се занимаваат со дистрибуција, иновации.
Саемот Fruitlogistica им нуди на сите учесници во бизнисот со овошје и зеленчук можност за деловно вмрежување и лансирање на производи и услуги на нови светски пазари.

Во периодот јануари – ноември 2019 година Македонија извезла зеленчук во вредност од 69,4 милиони евра, а извозот на овошје во овој период изнесува 48 милиони евра.