Лошата економска состојба во Германија ги погоди и странските компании во земјава кои извезуваат за автомобилската индустрија. Обемот на работата кај дел од инвеститорите е намален и за околу  30 отсто. Нарачките се одложуваат. Во некои фирми смените за време на викенд повеќе  ги нема.  Се поизвесно е и дека ќе стагнира вработувањето во погодните на странските компании.

Најновите информации од германската влада се дека оваа година ќе заврши со пад од 0, 2 проценти тоа е една надолна нова анализа. Дополнително автомобилската индустрија која е двигател на нивната економија гледаме дека има драстично намалување на бројот на возила кои се регистрирани посебно во месеците посебно во месеците август и септември, вели за Телма Виктор Мизо, претседател на Советот на странски инвестиции

Состојбата може дополнително да се влоши со одлуката на Европската комисија да се дадат високи царини за производителите на возила од Кина. На оваа одлука Германија се противи,  но не и другите европски држави поради што Кина вратила со контра мерки. Дали ситуацијата во Германија може да повлече нова економска криза, според Мизо далеку сме од тоа,  но треба многу да се внимава.

Важно е што ќе се случува дополнително во светот. Што ќе се случи во Украина по изборите во САД, и кои ќе бидат идните чекори за конфликтот на Блискиот Исток и сите овие работи на една држава како нашата која е увозно зависна и мала економија може дирекно да не погодат, додава Мизо.

Дека работата во погоните на странките компании е намалена покажуваат и податоците од статистика. Последните бројки се дека извозот од земјава во периодот од јануари до август во споредба со истиот период лани е намален за 5, 7 отсто.  Германија важи за најголем трговски партнер на земјава.