Последиците од Украина ставаат во опасност 2,6 милиони возила во 2022 година: S&P Global Mobility

Војниот конфликт во Украина уште еднаш потсети колку се кревки светските синџири за снабдување со автомобили.
S&P Global Mobility (поранешно IHS Markit) најверојатно ќе ја намали прогнозата за производство на а втомобили за 2022 година за 2,6 милиони единици, на на 81,6 милиони единици.

Околу 1 милион автомобили ќе се произведат помалку како последица на изгубената побарувачка во Русија и Украина; а остатокот е последица на влошување на проблемите со снабдувањето со полупроводници и губење на производството на жици од Украина и други компоненти.

Дополнително, целосната загуба на рускиот паладиум е опасен ризик со потенцијал да стане најголемото ограничување на снабдувањето во индустријата.

Побарувачка намалена за приближно една третина

Пред украинската инвазија на 24-ти февруари, глобалната автомобилска индустрија веќе помина повеќе од една година под услови со ограничен капацитет, со намалена побарувачка од потрошувачите до 10 милиони единици (или 12%) над овогодинешното достижно производство. Ненадејното губење на економската доверба (преку високите цени на нафтата и суровините, слабите пазари на капитал и заострувањето на каматните стапки) ја намалува побарувачката и сега може да го намали тој недостиг за приближно една третина.

Синџирот на снабдување останува ограничувачки фактор

Иако макро загриженоста е значајна, синџирот на снабдување ќе продолжи да ја поставува горната граница за продажба на единици на возила на среден рок. Клучните точки на криза кои тежат на нивоата на производство по инвазијата спаѓаат во две широки категории: снабдување со полупроводнички материјали (конкретно преку украински неон и руски паладиум) и набавка на електрични жици.

Прекините на специјализираните материјали може да го намалат снабдувањето со полупроводници

Предизвиците за снабдување со полупроводници се влошуваат на два фронта: Прво, преку прекини во снабдувањето со неонски гас. Украинските фирми контролираат околу половина од снабдувањето со неон со висока чистота во индустријата за полупроводници, каде што елементот се користи во ласери кои оцртуваат шаблони на чипови. Вториот предизвик е достапноста на паладиум, кој се користи во полупроводничка облога и завршна обработка. Во дополнителен негативен пресврт, случаите на Ковид 19 во Кина на највисоко ниво во последните 2 години предизвикуваат карантини и затворања на погони во североисточните производствени центри, вклучувајќи ги Шенжен и Чангчун. Сето горенаведено го зголемува ризикот од загуби од „заглавените“ чипови, т.е. полупроводници без кои автомобилите не може да се произведат.

Украинските жици тешко се заменуваат

Жиците произведени во Украина се вградувале во околу 0,5 до 1 милион возила пред инвазијата. Овие појаси се состојат од сложени и рачно конструирани склопови на кабли. Иако постојат некои договори за двојни извори, во најголем дел префрлувањето ќе биде тешко поради веќе ограничениот капацитет во и околу Европа. Преместувањето на производството може да потрае 3-10 месеци поради времето на чекање на машините и повеќемесечното време за обука на персоналот. Речиси половина (45%) од жиците произведени во Украина вообичаено се извезуваат во Германија и Полска, ставајќи ги германските производители на автомобили на висока изложеност.
Анализата на S&P сугерира дека Volkswagen e најекспонирана (преку Leoni, Sumitomo и други добавувачи), а потоа следи BMW.

Паладиум: Следен кандидат за „црн лебед“

Иако е мала веројатноста како што стојат работите, паладиумот има потенцијал да стане најголемото ограничување за снабдување во индустријата. Русија произведува 40% од светскиот ископен паладиум. Околу две третини од употребата на паладиумот е во возилата, каде што тој е активен елемент во катализаторите за дополнителна обработка на издувните гасови. Ако снабдувањето со руски паладиум ненадејно се прекине (поради бојкот на Западот или Русија го прекине снабдувањето), производството на сите возила што користат такви извори (вклучувајќи ги и хибридите) потенцијално би можело да престане. Иако платината е алтернативен елемент, таа е скапа и во голема мера потекнува од Русија. Замената од секаков вид е регулаторно минско поле бидејќи промените во дизајнот бараат регулаторна рехомологација, што може да потрае со месеци.
Во моментот, S&P не инкорпорира големи нарушувања на паладиумот во нивниот основен случај на прогноза.