Што носи 2021 година за компаниите кои работат во индустријата за храна? Пандемијата на Ковид 19 предизвика многу промени во начинот на кој потрпшувачите купуваат храна, а некои од нив ќе останат трајно.
Во продолжените се четири мега трендови за кои експертите веруваат дека ќе ја дефинираат прехранбената индустрија во наредната година.
Производи базирани на растителна основа
„Статус на глобален феномен“. Вака Innova го опишува трендот на храна од растително потекло. Растечката побарувачка за растителна храна може да се нарече „повеќе движење отколку тренд“ и се очекува годишен раст од 10%-20% до 2024 година.
На глобално ниво, 56% од потрошувачите се обидуваат да јадат повеќе растителна храна и пијалоци, според истражувањето на ADM. Потрошувачите разгледуваат алтернативи засновани на растенија од четири главни причини – здравје, разновидна диета, одржливост и вкус, открива истражувањето на Innova, според кое растечката побарувачка за растителна храна ќе ја забрза побарувачката за нови и различни производи.
ADM исто така вели дека побарувачката за производи базирани на растителна основа забрзано ја зголемува потрошувачката на нови и нови производи. Двојно до трицифрен раст има во некои категории кои се во подем, како закуски, дипови, сосови, сирење, намази, крем, итн.
Во меѓувреме, Whole Foods посочува два тренда во зголемената побарувачка на раститетлни производи: наут и необични овошје и зеленчук.
Функционални состојки
„Линиите се замаглуваат помеѓу додатоците и полиците за храна“, наведува Whole Foods. „Тоа значи поголема побарувачка за супер храна, пробиотици, чорби и кисела зелка. Добавувачите вклучуваат функционални состојки како витамин Ц, печурки и адаптогени за да се поттикне и поддржи имунолошкиот систем преку храната.”
Над 60% од глобалните потрошувачи бараат повеќе храна и пијалоци кои го поддржуваат имунитетот и здравјето, посочува Innova. Eдна третина велат дека се позагрижени за имунитетoт и здравјето во 2020 година отколку што билe во 2019 година. Производите кои го поддржуваат имунитетот и кои помагаат во управување состресот ќе имаат зголемена побарувачка во 2021 година.
Друга област за раст на функционалните производи се оние што се насочени кон микробиомот. Оваа област е „плодна почва за иновации во храна и пијалоци со функционални решенија како пребиотици, пробиотици и постбиотици кои ја поддржуваат функцијата на микробиолоѓката рамнотежа во организмот.
Одржливост
„Одржливоста ја зазема централна улога“, наведува ADM, истакнувајќи дека 65% од потрошувачите сакаат нивните секојдневни активности да влијаат позитивно на животната средина.
Извештајот на Lux Research насловен Компанијата за храна од 2050 година го наведува „зголемување на одржливоста“ како една од шесте области каде што компаниите мора да се фокусираат доколку очекуваат да преживеат и да напредуваат во следните 30 години.
Загриженоста за одржливоста и животната средина предизвикува некои потрошувачи да изберат обновливи извори на храна, како што се житарки, мешунки, алги.
Исто така, во тренд се и производите што помагаат во намалување на отпадот, вклучувајќи овошје и зеленчук со крив или несовршен облик, како и нуспроизводи што можат да се рециклираат во хранливи состојки за супи, сосови, преливи, барови, протеински додатоци, пијалоци и многу повеќе.
Whole Foods исто така го идентификуваше ова како еден од нејзините топ 10 трендови за 2021 година.
Транспарентност
Транспарентност триумфира. Транспарентноста е водечки тренд и според Innova за 2021 година бидејќи ја гради довербата кај потрошувачите. Потрошувачите очекуваат етикетите на храна да дадат поголема транспарентност околу целиот животен циклус на производот. Потрошувачите сакаат да знаат од каде им потекнува храната, како се произведувала и како се набавувала.