Војната меѓу Израел и Хамас би можела да има значително влијание врз економскиот раст и инфлацијата во еврозоната доколку притисоците врз цените на енергијата не се држат под контрола, проценува американската банка Голдман Сакс.

Тековните војна би можела да им наштети на европските економии преку пониска регионална трговија, построги финансиски услови, повисоки цени на енергијата и пониска доверба на потрошувачите, оценуваат аналитичарите на Годлман Сакс

Расте загриженоста кај економистите дека војната може да се прелее на Блискиот Исток. Иако тензиите би можеле да влијаат на европската економска активност со намалување на трговијата со Блискиот исток, аналитичарите на Голдман Сакс истакнуваат дека изложеноста на континентот е ограничена, имајќи предвид дека еврозоната извезува околу 0,4% од БДП во Израел и неговите соседи, додека изложеноста британската трговија е помала над 0,2% од БДП.

Најважното и потенцијално влијание преку кое тензиите би можеле да се прелеат во европската економија се пазарите на нафта и гас.

Од избивањето на тековниот конфликт, пазарите на суровини забележаа зголемена нестабилност, при што цените на суровата нафта Брент и европскиот природен гас се зголемија за околу 9% и 34%“, се вели во белешката на Голдман сакс.

Тимот на стокови аналитичари на Голдман процени збир на надолни сценарија во кои цените на нафтата би можеле да се зголемат меѓу 5% и 20% над реперот, во зависност од сериозноста на шокот врз понудата на нафта. Постојаното зголемување од 10% на цената на нафтата обично го намалува реалниот БДП на еврозоната за околу 0,2% по една година и ги зголемува потрошувачките цени за речиси 0,3 процентни поени.

Развојот на цената на гасот е поакутен предизвик,  со зголемувањата поттикнати од намалувањето на глобалниот извоз на ЛНГ (течен природен гас) од израелските наоѓалишта на гас и сегашниот пазар на гас помалку способен да одговори на негативните шокови во снабдувањето на пазарите се потенцијален ризик за напорите на централната банка да ја контролира инфлацијата.

„Досега, не сме забележале значително зголемување на цените на енергијата и тоа е очигледно добро. Но, тоа е ризик. Очигледно, тоа е ризик за иднината“, проценува Голдман Сакс.

Светската банка предупреди во кварталното ажурирање дека цените на суровата нафта може да се искачат над 150 долари за барел доколку конфликтот се интензивира.

Општата доверба на потрошувачите е последниот потенцијален канал за прелевање ефекти, според банката на Волстрит, а еврозоната забележа значително влошување по руската инвазија на Украина во март 2022 година.

Извор: CNBC