PHOTO: CHRIS RATCLIFFE/BLOOMBERG NEWS

Продажбата и профитот на Amazon бележат вртоглав раст во третиот квартал на 2020 година, бидејќи луѓето, па и фирмите се свртеа кон трговија преку Интернет поради пандемијата на коронавирус.

Amazon објави дека од почетокот на јули до крајот на септември, неговата продажба се зголемила за 37% во споредба со истиот период минатата година, на 96,2 милијарди долари, а профитот на компанијата се зголемил за дури 197 %, на 6,3 милијарди долари.

Големиот раст е поттикнат од силната продажба преку Интернет, како и дигитално рекламирање и растот на неговиот профитабилен оддел за компјутерски cloud услуги, објавува Wall Street Journal.

„Гледаме повеќе клиенти од кога било порано да купуваат за празнични подароци, што е само еден од знаците дека ова ќе биде невидена празнична сезона“, рече извршниот директор на Амазон, Џеф Безос.

Помалку позитивен знак и сигнал како како пандемијата ги менува потрошувачките навики за купување, Amazon објави дека неговиот сегмент на физички продавници, во кој влегува си синџирот Whole Foods, забележал пад на продажбата за 10% во третиот квартал во споредба со претходната година.

Компанијата предвидува продажби од 112 до 121 милијарда долари во четвртиот и најсилен квартал, која ќе биде поткрепен со одложениот настан Prime Day event.

Amazon исто така информираше дека вработиле 100.000 луѓе на одредено време поради пораст на нарачките преку интернет пред ноемвриските празници во САД.
До крајот на јуни 2020 година Amazon имаше повеќе од 875.000 вработени ширум светот.