Германската економија успева да остане во живот, но може да претрпи „значителен неуспех“ доколку повторно се прошират ограничувањата заради коронавирусот, соопшти германската ценрална банка, Bundesbank.
Германија презема сè построги мерки, како затворање на некои училишта и продавници, за да се ограничат движењата и собирите уште од есента, борejќи се со вториот бран на инфекции.
Канцеларката Ангела Меркел побара „многу брза акција“ за да се спротивстави на ширењето на мутациите на КОВИД-19 и оваа недела ќе одржи состанок со регионалните лидери за да разговара за поостри ограничувања.
„Ако инфекциите не забават и сегашните ограничувања на економската активност продолжат или дури да се заострат, може да има значителен еконосмки пад“, се вели во месечниот извештај на Bundesbank.
Во Извештајот се посочува дека германската економија најверојатно стагнирала, но не се намалила во последните три месеци од 2020 година, бидејќи скокот во индустријата и градежништвото го надокнадил падот на угостителството и малопродажбата.
„Овие охрабрувачки сигнали за отпорноста на германската економија даваат надеж дека ограничувањата на економската активност, продолжени и засилени на почетокот на новата година, не треба премногу да го одложуваат закрепнувањето“, соопшти централната банка.
Извор: Reuters