Извозот на јаболка од Македонија бележи драматичен пад на почетокот од 2026 година. Во првите два месеци на странските пазари се пласирани само 5 илјади тони јаболка, со вредност од 2 милиони евра – што претставува намалување од 61,7% во споредба со истиот период лани.
На странските пазари во овој период биле извезени само 5 илјади тони јаболка, што е намалување од 64% во споредба со истиот период лани, кога на странските пазари биле продадени13 илјади тони.
Најголем пазар бил Косово со извоз од 630 илјади евра, Србија со извоз од 490 илјади евра, Бугарија со извоз од 444 илјади тони и Црна Гора со извоз од 330 илјади евра.
Меѓу главните причини за слабите резултати е пролетниот мраз во 2025 година, кој значително го намали производството. Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2025 година во земјава биле произведени само 70 илјади тони јаболка, што е намалување од 44,5% во однос на 2024 година. Но, извозот на јаболка се соочува со проблеми пли пласманот, особено по затворањето на рускиот пазар, бидејќи сортата ајдарет- најзастапената сорта јаболки во земјава, се потешко се пласира на европските пазари.
Во текот на 2025 година, од Македонија биле извезени 65 илјади тони јаболка во вредност од 21,5 милиони евра. Тоа е пад од 25% во количини и 9% во вредност во однос на 2024 година.
Овие бројки укажуваат на сериозни предизвици за македонските овоштари и извозници и ја нагласуваат потребата од нови стратегии за стабилизирање на производството, особено во контекст на нестабилните климатски услови и потребата од поголема адаптација кон европските пазарни стандарди со цел да се одржи конкурентноста на европските пазари.
Македонското јаболко е најизвезувано овошје од земјава. Во првите два месеци вкупниот извоз на овошје изнесуал 2,9 милиони евра пад од 53,7% во споредба со истиот период лани. Од вкупниот извоз, дури 70% или 2 милиони евра се остварени од извоз на јаболка.
ПОВРЗАНИ НАПИСИ:
Лошата клима го намалува производството на јаболка во ЕУ
Извозот на јаболка лани само 14 милиони евра. Нема веќе извоз во Русија, кои се сега најголемите пазари?
Кои земји најмногу увезуваат јаболка?
Нема алтернатива за рускиот пазар: Извозот на јаболка продолжува да паѓа



























