Цената на сертификатите за Механизам за прилагодување на јаглерод на граница CBAM за првиот квартал од 2026 година е утврдена на 75,36 евра по тон CO₂-еквивалент (87,23 долари), објави Европската комисија во вторникот. Ова е трошокот кој ќе мораат да го плаќаат увозниците за стоките увезени во ЕУ во текот на првиот квартал од 2026 година. Со оваа давачка ЕУ обезбедува дека увезените стоки со интензивна содржина на јаглерод се соочуваат со слични трошоци како и домашните производи од ЕУ.

Цените ги пресметува Комисијата како просек од цените за клиринг на аукциите на Системот за тргување со емисии на ЕУ (EU ETS). “Ова обезбедува фер и конзистентно усогласување со пазарот на јаглерод на ЕУ”, вели Комисијата.

Увозниците ќе треба да купуваат сертификати за CBAM почнувајќи од февруари 2027 година за да ги покријат емисиите вградени во стоките увезени во текот на 2026 година, усогласувајќи ги трошоците за увоз со цената на јаглерод што ја плаќаат домашните производители според EU ETS.

Цените за 2026 година се пресметуваат квартално, додека за увозот од 2027 година, Комисијата ќе пресметува неделна цена за сертификатите на CBAM.

Цената за првиот квартал е точно усогласена со цената на Европската берза за енергија (EEX) објавена минатата недела.

Таа е пониска отколку што очекуваа некои учесници на пазарот со оглед на многу повисоките цени на сертификатите за ETS во јануари, кога достигнаа врв од над 92 евра. Цените за дозволите за емитување јаглерод диоксид кои ги плаќаат европските компанијаа (EU Allowances – EUAs) се намалија за речиси 30 евра/мтCO2e во првиот квартал, откако неколку земји-членки повикаа на ублажување на Системот за тргување со емисии на ЕУ за да се зголеми индустриската конкурентност на блокот.

Цената на CBAM се однесува на секој сертификат што се однесува на секој тон еквивалент на CO2 за стоки увезени помеѓу јануари и март. „Значи, ако сте увезле железо, челик, цемент и други CBAM стоки во ЕУ во првиот квартал, тогаш следната година кога ќе треба да ја поднесете вашата CBAM декларација, ќе мора да ги купите тие CBAM сертификати за 75,36 евра“, вели основачот и извршен директор на Cbamboo, Габриел Розенберг.

Ова е важен развој за увозниците од ЕУ бидејќи „имате вистинска објавена цена за да ја пресметате вашата обврска за првиот квартал“, вели специјалистот за јаглерод на CarbonChain, Џек Лејнг.

Декларантите на CBAM ќе почнат да купуваат CBAM сертификати дури од февруари 2027 година, а сертификатите ќе се купуваат преку заедничка централна платформа. Раното објавување на цените на сертификатите има за цел да ја зголеми транспарентноста, да им обезбеди на засегнатите страни навремени информации и да го намали ризикот од неконзистентни или неофицијални проценки на цените што циркулираат на пазарот, забележува Комисијата.

Цените на сертификатите за вториот, третиот и четвртиот квартал од 2026 година ќе бидат објавени на 6 јули 2026 година, 5 октомври 2026 година и 4 јануари 2027 година, соодветно.
Од февруари 2027 година, цените на сертификатите CBAM ќе се пресметуваат и објавуваат на неделно ниво.

Конечната фаза на CBAM започна на 1 јануари 2026 година, по преоден период на известување. Механизмот е насочен кон увоз на стоки од секторите за железо и челик, алуминиум, цемент, водород, ѓубрива и електрична енергија, со цел да се спречи истекување на јаглерод каде што компаниите го преместуваат производството во региони со послаби климатски политики.

ПОВРЗАНИ НАПИСИ:



Европскиот јаглероден данок ќе се наплаќа и за производите со висок удел на челик и алуминиум

Повеќето земји, меѓу кои и Македонија, ги искористија квотите за увоз на челични производи во ЕУ

“Нечистото” производство на струја во земјава ќе ја намали конкурентноста на македонските извозници во ЕУ

Стопанската комора на Северна Македонија го изработи првиот водич за декарбонизација за малите бизниси во земјата со поддршка од ЕИБ Глобално