Нарушувањата на глобалните синџири на снабдување може да продолжат до втората половина на следната година, велат од осигурителот на трговските кредити Euler Hermes во извештајот објавен денеска.
Euler Hermes ги наведе обновените епидемии на вируси, политиката на Кина за нулта ковид и очекуваната нестабилност во трговијата за време на кинеската Нова Година.
Мерките за ограничување на „Ковид-19“ може да влијаат на производствените и транспортните операции, влошувајќи ја кризата во синџирит на снабдување. Аналитичарите претходно предупредија дека новата варијанта, омикрон, може да зададе уште еден удар на синџирите за снабдување.
Недостатоците во производството се одговорни за 75% од сегашната контракција на обемот на глобалната трговија, додека логистичките тесни грла се причина за преостанатите 25%, пишуваат економистите на Euler Hermes.
Според нив, хаосот во синџирите на снабдување најверојатно ќе се намали во втората половина на 2022 година и тоа заради три причини:
- Побарувачката на потрошувачите го достигна врвот
Потрошувачите веројатно ќе продолжат да купуваат стоки на повисоки нивоа, но осигурителот вели дека побарувачката го достигнала врвот.
Во извештајот се истакнува дека иако вишокот заштеди акумулирани за време на пандемијата не се исцрпени, побарувачката постепено ќе се нормализира.
„Импресивното поместување на трошоците на домаќинствата кон (трајни) добра наместо услуги, во контекст на карантините, треба да биде многу помало во иднина, дури и во сценарио на обновените епидемии на Ковид-19“, се вели во извештајот.
Особено во напредните економии, домаќинствата се движат кон одржлива потрошувачка, а циклусот на замена на стоките купени за време на пандемијата трае најмалку неколку години, велат од Хермес.
Со оглед на тоа што побарувачката поминува низ „саморегулирана нормализација“, синџирите на снабдување најверојатно ќе бидат под помал притисок.
- Залихите се враќаат на нивоата пред Ковид 19
По намалувањето на залихите на почетокот на 2020 година, производителите побрзаа да ги обноват залихите за да се справат со невидениот пораст на побарувачката, се вели во извештајот.
„Добрата вест е дека итноста за обновување очигледно го достигна врвот во изминатите месеци … и нивото на залихи е веќе над долгорочните просеци пред кризата кај повеќето сектори“, се вели во извештајот.
Но, без зголемување на производствениот капацитет и инвестиции во пристанишната инфраструктура, нормализацијата на тесните грла за снабдување во Европа би можела да биде одложена по 2022 година бидејќи побарувачката останува над потенцијалот“, се додава во извештајот.
- Зголемен капацитет за испорака
Метежот на превозот, исто така, треба да биде помалку акутен во втората половина на 2022 година, бидејќи капацитетот се зголемува, пишува во Извештајот на Euler Hermes.
Трошоците за испорака може да останат зголемени следната година, но капацитетот е поставен да се зголеми бидејќи глобалните нарачки за нови контејнерски бродови достигнаа рекордно ниво.
„Брзо растечките нарачки за нови транспортни капацитети … треба да станат оперативни кон крајот на 2022 година, што би требало значително да ги олесни тесните грла за испорака“, се вели во извештајот.
Околу 17 милијарди долари, исто така, се предвидени да се потрошат за пристанишната инфраструктура и водните патишта во САД, што треба да помогне да се намали метежот, се вели во извештајот.
Раст на глобалната трговија
Извештајот, исто така, предвидува дека обемот на глобалната трговија ќе се зголеми за 5,4% во 2022 година и 4% во 2023 година, по растот од 8,3% во 2021 година.
Но, трговските нерамнотежи може да се влошат. Прогнозите на Euler Hermes сугерираат дека САД ќе регистрираат рекордно висок трговски дефицит, додека Кина ќе пријави рекордно висок трговски суфицит.
Во текот на следните неколку години, Азиско-пацифичкоте земји треба да остане главни победници во однос на извозните добивки, додека секторите на енергија, електроника, машини и опрема треба да продолжат да се подобруваат во 2022 година.
Извор:CNBC