Американската агенција за кредитен рејтинг Fitch (Фич) соопшти дека глобалниот недостиг на полупроводници може да почне да се намалува од втората половина на оваа година.
Агенцијата во своето најново соопштение објавено во понеделникот потенцира дека секторот на чипови агресивно го зголемува производниот капацитетот од 2021 година и покрај неизвесноста.
Фабриката за чипови планираат големи повеќегодишни инвестиции за производство, се додава.
„Одредено проширување се случува надвор од Азија, при што производителите се партнери со американската влада, која поддржува градење на домашни капацитети за да се намали ризикот од синџирот на снабдување, бидејќи најголемиот дел од чиповите моментално се произведуваат во Тајван и Јужна Кореја“, велат од Фич. Intel ќе инвестира 25 до 28 милијарди долари во 2022 година, за планирани нови производствени капацитети во САД и Европа. TSMC ќе потроши 40 до 44 милијарди долари во 2022 година и гради нова фабрика во Аризона. Samsung планира да ги зголеми трошоците и да изгради нова фабрика во Тексас.
Бидејќи мерките за пандемијата погодија неколку производствени активности, вклучително и полупроводнички капацитети, големата побарувачка за процесот на закрепнување од пандемијата предизвика криза на чипови на глобално ниво.
Многу сектори се соочуваат со прекини во производството заради недостигот со чипови, особено автомобилските компании.