Акциите на Hyundai Motor пораснаа за 20% откако јужнокорејскиот производител на автомобили соопшти дека е во почетна фаза на разговори со Apple за потенцијална соработка за развој на електрични автомобили, објави CNBC.
„„Apple“ разговара со разни светски производители на автомобили, вклучително и Hyundai Motor. Бидејќи дискусијата е во рана фаза, ништо не е решено“, изјави за CNBC портпарол на Hyundai Motor.

Изјавата следеше по локалниот извештај на корејски економски дневник во кој се наведува дека „Епл“ предложил соработка и „Хјундаи мотор“ ги разгледува условите.
Во извештајот се наведува дека предлогот вклучува и производство на електрични возила, како и развој на батерии, како и дека автомобилот може да се стави во употреба во 2027 година.