Фото: Reuters

Една од најголемите и водечки логистички комапнии, Kuehne + Nagel може да скрати повеќе од 20.000 работни места, при што најмногу се погодени магацинските работници, бидејќи економската криза предизвикана од коронавирус ги намали испораките, вели Klaus Michael Kuehnе, доминантен акционер во компанијата во интервју за Die Welt.

Kuehne + Nagel, во којa се вработени 83.000 луѓе, би можела да има 20% до 25% помалку работници во споредба со пред кризата.

Според Kuehnе, глобализацијата забавува, со тренд кон регионализација.

“Резултатот од 2020 година дефинитивно ќе биде полош од пред една година. Никој не знае колку ќе трае кризата и колку длабока ќе биде”, вели Kuehnе, за кого моментот на вистината доаѓа во периодот април до јуни.

„Обемот на транспортот значително опадна. Одлучувачко прашање е, дали светската економија ќе започне постепено закрепнување во јуни. Јас очекувам дека економското производство ќе биде пониско наредните години“, вели Kuehnе.