Швајцарската компанија Nestle обави дека ќе гради фабрика вредна 102 милиони евра во економската и технолошка развојна зона Тјанџин (ТЕДА)
годишен производствен капацитет од 8000 тони.
Првата фабрика на Nestle во Тијанџин е изградена во 1994 година, а во најновиот инвестициски циклус тие најавуваат проширување на фабриката за производство на храна за домашни миленици, но и проширување во секторот за производство на храна за вегетаријанци.

Во новата фабрика која ќе има производен капацитет од 8.000 тони годишно, Nestle ќе се фокусира на производи кои се замена за месо, со цел истите да ги понуди на кинескиот пазар каде вегетаријанската понуда почнува силно да расте.

Кинескиот пазар на вегетаријанска храна во 2018 година вредел 10 милиојарди долари и бележи раст од 35% во споредба со 2014 година.
Проценките се дека кинескиот вегетаријански пазар ќе вреди 12 милијарди долари до 2023 година, а вегетаријанската храна веќе влегува и во кинеските ланци за брза храна, како Starbucks, KFC, но и стотици кинески помали ресторани.

Кинеските потрошувачи постојано се преориентираат на растителна исхрана во текот на изминатите неколку години, делумно како резултат и на повисоките цени на месото, а сега кризата со коронавирусот повторно го поттикнува тој тренд.

Компанијата Nestle 31 производствени погони низ целата Кина.

Најавата за новата инвестиција на Nestle доаѓа само неколку недели откако американскиот агро гигант Cergill објави дека ќе воведе голем број на производи од растително месо во Кина по успехот со еден ваков производ лансиран вокинескиот KFC.