Nielsen, една од најголемите глобални компании за мерење и анализа на податоци, идентификуваше повеќе модели на однесување на потрошувачите во Кина и Италија за време на пандемијата. Креиран е сет шесте најзначајни промени преку кои се движеле овие пазари и тие можат да се поделат на три клучни обрасци.

Побарувачката за квалитет и ефикасност е карактеристика на првата фаза кога расте побарувачката за поздрава храна и антивирусни производи. Растот на локалното снабдување бил евидентен во текот на втората фаза, кога клиентите набрзина ги „полнеле” своите остави со залихи.  Во подоцнежните фази кои доаѓаат со порестриктивни услови за живот, понудата преку Интернет станува се поважна.

Според тоа, експертите советуваат дека сега не е време брендовите да се „повлекуваат“. Напротив, пандемијата нуди реална можност активно да се излезе од сегашната состојба со уште поголема база на лојални корисници и посилeн бренд, а со тоа потрошувачката да продолжи да расте кога сè ќе се врати во нормала.

Компаниите треба да дејствуваат мудро и да се грижат дека емоциите кај потрошувачите ја презедоа водечката улога во донесувањето одлуки, што е потврдено и од неодамнешното истражување на Ipsos за промена на однесувањето кај потрошувачите.
Ова истражување укажува на тоа дека брендовите кои ги исполнуваат очекувањата и вредностите на потрошувачите ќе успеат да постигнат долгорочни зголемувања на потрошувачката активност, лојалност и продажба.

Во овој момент, важно е компаниите да инвестираат во односите со потрошувачите, да покажат емпатија и да бидат извор на оптимизам и позитивно влијание.

Добар пример е акцијата на компанијата Lush, која ги покани луѓето да влезат во нивните продавници и да ги измијат рацете кога ќе посакаат.

Значи, важно е брендовите да промовираат социјален напредок и заедничко добро, и во извесна смисла да бидат поддршка на потрошувачите во процесот на навикнување на новата ситуација.

Многу важен податок што зборува во прилог на значителни промени не само во однесувањето, туку и во изборот на каналите за купување, е растот на 82% на продажбите преку Интернет, забележан во Италија и Шпанија, држави кои се најпогодени од пандемијата.

Овие податоци се добар показател за брендовите дека силното присуство на Интернет е многу важно, и дека, со лојална Интернет заедница, секоја последователна криза ќе биде успешно надмината или барем значително ублажена.


Голем пад на трговијата со непрехранбените производи

Во извештајот се вели дека непрехранбените производи биле погодени бидејќи се сметаат за „несуштински“ производи.

Само хигиенски производи, како што се санитарни и дезинфенциски средства, средства за миење на рацете и средства за чистење на подови, забележаа раст во категоријата непрехранбени производи.

Продажбата на производи од свежа храна имаше негативно влијание од пандемијата како резултат на проблемите со синџирите за снабдување, се вели во Извештајот.

Сепак, беше забележан поостар пад на невегетаријанските производи.

Околу 40% од луѓето рекле дека ќе избегнат конзумирање на храна што не е на зеленчук.

Извештајот покажал дека потрошувачите бараат позитивност во услови на вознемиреност и зголемени тензии.