Фото: Getty Images

Повеќе затворања (lockdowns) и социјално дистанцирање – дури и покрај планот за глобален пристап до вакцинирање.

Ова е отрезнувачка прогноза за 2021 година од Лоренс Бун, главниот економист на Организацијата за економска соработка и развој (OECD).

„Веројатно нè очекуваат уште шест до девет или дванаесет месеци од ова“, вели Бун.
„Не велам дека е лесно, туку велам дека видовме дека тоа дава резултати во 2020 година“.
„Мора да продолжиме да работиме и со нефармацевтските мерки, владата да ја поддржува и да ја распоредува вакцината, што е можно побрзо и поефикасно“.

Новиот вид на вирус доведе до нови блокади во многу делови на светот – вклучувајќи ги и земјите во Азија, како што е Јужна Кореја, кои досега успеаја да ограничат нови инфекции.

Како и да е, ОЕЦД вели дека глобалните економски изгледи за 2021 година ќе се подобрат – иако од ниска основа. Очекува глобалниот БДП да се искачи на нивото на пред-пандемијата до крајот на 2021 година, но предупреди дека заздравувањето нема да биде еднакво во сите земји.

Кина, на пример, се очекува да порасне за 8% во 2021 година, додека другите економии членки на ОЕЦД се очекува да пораснат во просек со нешто повеќе од 3%.

Меѓународното економско тело додаде дека колку добро ќе се опорават земјите ќе зависи од тоа колку е побрзо ширењето на вакцините.

Поголеми долгови

Според Бу, владите треба да продолжат да трошат за да помогнат во економиите кои се соочуваат со невидена досега криза – дури и ако тоа значи усвојување порелаксиран став за управување со националните буџети.

„Овие мерки за кои ние силно се залагаме имаат смисла затоа што оваа криза е привремена. Значи, зборуваме за привремени мерки и привремено зголемување на односот на долгот кон БДП “, рече таа.

„Откако ќе излеземе од кризата, економското ткиво ќе биде зачувано благодарение на овие мерки, тогаш ќе мора да направиме чекор назад, да ја разгледаме еволуцијата на јавните финансии и да видиме дали владите ги трошат своите пари на вистинските приоритети“.

Ова е поинаков пристап од советот што ОЕЦД им го даде на земјите во пресрет на глобалната финансиска криза од 2008 година, кога се залагаше за штедење.

ОЕЦД предупредува и на проширување на нееднаквоста, со најголем ризик за работниците со пониски плати на неформалните работни места.

Извор: BBC