Home Вести Словенечкa SIJ ќе гради фабрика за челик во Саудиска Арабија вредна 1,5...

Словенечкa SIJ ќе гради фабрика за челик во Саудиска Арабија вредна 1,5 милијарди евра

Словенечката металуршка групација SIJ ќе гради фабрика во Саудиска Арабија вредна 1,5 милијарди евра за производство на електричен челик и висококвалитетни топловалани калеми, објави Словенија бизнис.

Компанијата потпиша соодветен договор со саудиската влада, а фабриката треба да се гради во индустрискиот град Рас ал-Каир. Се планира фабриката да биде пуштена во употреба до 2029 година.

Проектот во голема мера ќе биде финансиран од саудиските власти, бидејќи е од стратешко значење за економијата на кралството. SIJ ќе обезбеди високотехнолошки решенија и знаење. Во исто време, Министерството за финансии на Словенија соопшти дека ова е најголемата поединечна странска инвестиција досега направена од словенечка компанија.

Се очекува SIJ во иднина да го следат и други компании кои се дел од иницијативата за зелена мобилност на словенечката автомобилска индустрија (Mission GREMO).

SIJ е еден од водечките производители на нерѓосувачки челик и специјални челици во Европа и најголемата вертикално интегрирана групација за челик во Словенија.

error: Content is protected !!
Exit mobile version