Јапонската Toyota Motor Corp го надмина германскиот Volkswagen во продажбата на возила минатата 2020 година. Toyota ја врати позицијата како светски најголем продавач на автомобили за прв пат по пет години, откако падот на побарувачката во пандемија го погоди посилно нејзиниот германски ривал.
Toyota денеска објави дека глобалната продажба на целата групација паднала за 11,3%, на 9,528 милиони возила во 2020 година. Во споредба, падот на Volkswagen изнесува 15,2%, со 9,305 милиони возила минатата година.
Производителите на автомобили претрпеа големи штети бидејќи блокадите заради коронавирусот ги спречија луѓето да ги посетуваат салоните за автомобили и ги принудија фабриките за производство да го намалат или запрат производството.
Toyota, сепак, делумно подобро ја надмина пандемијата затоа што нејзиниот домашен пазар Јапонија и азискиот регион воопшто, беа помалку погодени од епидемијата отколку Европа и Соединетите држави.
Volkswagen сепак и понатаму останува најголем производител на автомобили во светот, откако во 2018 година ја надмина Toyota.