Хрватската стопанска комора со поддршка на Европската мрежа за претприемништво го започна проектот „Go global – Go virtual“, кој има за цел да го забрза закрепнувањето на домашната економија по кризата предизвикана од пандемијата на Ковид 19.
Станува збор за стартување на нова платформа за организирање на виртуелни онлајн деловни и B2B состаноци за хрватски компании со странски партнери за пазарите за кои домашните бизнисмени покажале најголем интерес по претходно направеното истражување.
„Резултатите од истражувањето покажаа дека нашите претприемачи во моментов се најмногу заинтересирани за пазарите на Словенија, Русија, Австрија, Германија и земјите од Вишеградската група (Чешка, Словачка, Полска и Словачка). Првите виртуелни средби ќе бидат организирани со претприемачи од Словенија, која како и Хрватска има добра епидемиолошка ситуацијата, а главните области за потенцијално зајакнување на соработката се електрo индустријата, индустријата за пластика и гума, земјоделството и прехранбено-преработувачката индустрија“, вели потпретседателот на Хрватската стопанска комора за меѓународни работи и ЕУ, Иван Барбариќ.
Започнати се јавувања за хрватските компании кои ќе ги внесат своите профили на платформата „Go global – Go virtual“, вклучувајќи активности и интереси за соработка со словенечките колеги.
По завршувањето на апликациите на хрватските компании, линк од платформа со базата на хрватски интереси ќе биде доставена до Стопанската комора на Словенија, која е активно вклучена во проектот, како и до сите потенцијално заинтересирани економски субјекти во Словенија.
Предвидено е постапката за аплицирање за хрватските компании да трае до 19 јуни, а он-лајн B2B средбите меѓу бизнисмените на двете земји ќе се одржат на 2 јули.
Инаку, по пленарниот дел со воведните говори, на платформата ќе се одвиваат B2B разговори за време на кои бизнисмените ќе контактираат директно со потенцијалните партнери од индустриите за кои се заинтересирани и ќе ги презентираат своите производи и услуги.
„Ова е идеална можност за нашите претприемачи да најдат нови соработници, добавувачи и купувачи и со тоа да го искористат посткризниот период за да ги преуредат синџирите на снабдување и деловните процеси“, велат од Хрватската стопанска комора.