Владата ја зголеми квотата за работни дозволи за странски државјани за годинава на вкупно 10.000 работници. Според одлуката која стапува на сила денеска
Одлуката за определување на квота за дозволи за странци кои можат да бидат работно ангажирани на територијата на Р.С.Македонија во 2026 годија која е вчера објавена во Службен весник, а денеска стапува на сила, предвидува 4.500 работни дозволи за нови работници, а 5.250 се продолжување на дозволи на веќе вработени странски работници.
Според одлуката, 9.750 дозволи се наменети за редовно вработување на странци, додека 200 се за упатени странци, а 50 за сезонски ангажмани.
Квота од 10 илјади странски работници беше утврдена и за 2025 година.
Законот предвидува утврдување на годишна квота за работни дозволи, која не смее да надминува 5% од вкупно вработеното население во земјата.
Министерството за економија и труд ќе го следи искористувањето на квотата и состојбата на пазарот на трудот.
Лани Агенцијата за вработување издала вкупно 8.509 позитивни мислења за дозволи за работа, а Министерството за внатрешни работи издало 6.128 дозволи за престој на странски работници.
Недостигот на работна сила е еден од најголемите предизвици и проблеми со кои се соочуваат македонските компании, заради што бизнис коморите се погласно бараат зголемување на квотите за увоз на работна сила од странство. Но, Закононот предвидува утврдување на годишна квота за работни дозволи, која не смее да надминува 5% од вкупно вработеното население во земјата.
Недостигот е особено изразен во градежништвото, преработувачката индустрија и угостителството, каде има и најголема побарувачка за анагажирање на странски работници.
Најголем дел од ангажираните работници од странство се од Југоисточна Азија и Африка, поточно од Бангладеш, Непал, Индија и Турција.



























