Германскиот авто гигант Volkswagen го започна производството на електричниот хечбек ID3.
VW ID3  најнапред ги надмина проблемите со софтверот, а сега и прекинот на производството предизвикано од пандемијата на коронавирус, а сега производните ленти во погонот во Zwickau во Германија конечно беа рестартирани.

Според портпаролот на компанијата, лансирањето на пазарот е закажано за летото 2020 година, пишува Autonews Europe.

Пред да биде затворена фабриката заради пандемијата најавите од компанијата беа дека во фабриката дневно ќе се произведуваат повеќе од 100 примероци на електричниот голф.

Volkswagen планира да лансира и втора  производна лента на која ќе се склопува и вториот електричен модел, crossover ID4.
Во фабриката во Zwickau исто така ќе се произведува и електричниот crossoverAudi e-tron Sportback, како и електричниот модел на Seat заснован на концептот el-Born.