Volkswagen (VW) е во разговори со своите главни добавувачи за можни побарувања за штета поради недостиг на полупроводници, објавува Automotivenews Europe.
Коментарите на портпаролот дојдоа откако Automobilwoche објави дека VW може да побара компензација од Robert Bosch и Continental откако производителот на автомобили беше принуден да го намали производството во Германија поради недостаток на автомобилски микрочипови.
„За Volkswagen најголем приоритет е да се минимизираат ефектите од тесното грло заради полупроводниците врз производството“, изјави портпаролот на VW за Ројтерс во неделата.
VW сакаше да го реши проблемот во тесна соработка со своите добавувачи, но оваа размена ќе вклучува и испитување на побарувања за штета со своите добавувачи, рече портпаролот.
VW мораше да го намали производството во своите фабрики за автомобили Волфсбург и Емден и фабриката за компоненти во Брансвик, поради недостаток на микрочипови.
Производителот на автомобили разговара со алтернативни добавувачи и сака Бош и Континентал да го споделат товарот и делумно да ја надоместат компанијата за дополнителните трошоци, објави изданието Automobilwoche.
Ако добавувачите порачале премалку чипови за да ги исполнат своите обврски за испорака, тие најверојатно ќе треба да учествуваат во трошоците за стопирање на производството, влеат аналитичарите. Сепак, трошоците може да се намалат ако VW го надомести изгубеното производство подоцна во текот на годината.
Бош рече дека ваквите прашања се дискутираат директно со нејзините клиенти и добавувачи. „Во моментов се фокусираме на одржување на синџирите на снабдување што е можно повеќе и покрај напнатата ситуација на пазарот“, изјави портпаролот на Бош.
Континентал не одговори веднаш на барањата за коментар.
Форд, Дајмлер и Ауди се меѓу производителите на автомобили кои исто така беа принудени да го намалат производството во фабриките во Германија.
Дајмлер би можел да го следи VW во барање отштета од добавувачите.
„Во моментов ја гледаме нашата примарна задача како успешно минимизирање на влијанието на глобалното тесно грло за снабдување“, изјави портпаролката на Дајмлер за „Автомобилвоче“. „Билатерално и во партнерство ги разјаснуваме негативните ефекти“, додаде таа.
БМВ не е под влијание на снабдувањето со тесни грла, но неговиот шеф за продажба Питер Нота им изјави на новинарите минатата недела: „Ние го нарачавме обемот за 2021 година и очекуваме нашите добавувачи да ги исполнат навреме“.
БМВ доби штета од Бош во 2017 година кога производителот на автомобили беше принуден да ги затвори производните линии заради тесно грло во една италијанска компанија која ги снабдуваше обвивките за системите за електронско управување на Бош.
БМВ побара од Бош двоцифрена милионска сума отштета. Побарувањето е решено за необјавена сума.
Недостигот на полипроводници и микрочипови се јави откако заради пандемијата со Ковид 19 се зголеми побарувачката за паметни телефони и уреди за работа од дома, како и заради побрзо од очекуваното заздравување на автомобилската индустрија по падот кој го предизвика пандемијата.
Извор: Automotivenews Europe