Германската компанија Volkswagen, најголемиот производител на автомобили во Европа предупреди дека штетите од недостиг на чипови ја чини стотици илјади возила во првата половина на 2021 година, објавува Ројтерс, цитирајќи го шефот на набавки и член на управниот одбор компанијата, Мурат Аксел.
Volkswagen работи напорно за да го ублажи влијанието што го имаше недостатокот на чипови врз индустријата, изјави Аксел пред акционерите на годишното генерално собрание на Групацијата, потенцирајќи дека станува збор за висок шестоцифрен број на возила кои не можеле да бидат произведени заради кризата со чипови.
Volkswagen неодамна објави дека е принуден да скрати неколку смени во фабриката Skoda Auto заради недостатокот на чипови потребни за производство на возилата.
Очекувањата на Групацијата се дека недостигот на чипови ќе олесни во третиот квартал од 2021 година.
Во март, извршниот директор Херберт Дис изјави дека VW нема да може да произведе над 100.000 возила поради недостигот на чипови, додавајќи дека групата нема да може да ги надополни загубите во 2021 година.