„Volkswagen “ ги предупреди главните менаџери дека се подготвуваат за поголеми намалувања на производството во вториот квартал, поради глобалнот недостиг на чипови.
„Од добавувачите и во рамките на групацијата Volkswagen ни кажуваат дека мора да се соочиме со значителни предизвици во вториот квартал, веројатно попредизвикувачки од првиот квартал“, изјави за Фајненшл тајмс, Вејн Грифитс, претседател на шпанската марка Seat во сопственост на Volkswagen.
Предупредувањето наметнува можност за поголеми загуби на вториот најголем производител на автомобили во светот, кој минатата година рече дека очекува производство да се намали за 100.000 возила во првиот квартал на 2021 година, поради недостигот на полупроводници.
Volkswagen веќе предупреди дека нема фабрички капацитет да го надополни изгубеното производство подоцна во текот на годинава.
Грифитс рече дека недостигот на полупродоводници е „најголемиот предизвик“ со кој се соочува компанијата во моментов.