Главниот извршен директор на германскиот автомобилски концерн Volkswagen AG, Херберт Диис има оптимистична перспектива за втората половина на оваа година, и покрај очекувањата пандемијата на Covid-19 и недостигот на полупроводници да ги намалат финансиските резултати на автомобилските производители во првото тромесечие, пишува Bloomberg.

„Гледам кон 2021 година и очакувам дека светската економија ќе постигне подем во втората половина на годината, со оглед на тоа што во тоа време програмите за вакцинации веќе ќе се влезени на сила “, изјави Диис пред раководството на компанијата.
„Тогаш очекувам луѓето да купуват повеќе коли. Треба да се подготвиме за значителен подем”, додаде Зиис.

Германскиот производител на автомобили Volkswagen го изгуби првото место во продажби на светско ниво, откако јапонскиот концерн Toyota Motor Corp. успеа да продаде повеќе автомобили во 2020 година.
Германската групација, пак, успеа да оствари повисоки продажби на електрични автомобили во Европа од лидерот во овој сегмент Tesla.

Се очекува VW да го пушти во продажба својот електричен кросоувер ID.4 подоцна во текот  на годинава, кога компанијата планира да реализира и нови верзии на електричните модели Audi e-tron и Porsche Taycan.
Двете луксузни марки ги генерират најголемите заработки во рамки на групацијата.

Во јануари годинава Диис изјави дека очекува VW да продаде околу 600.000 електрични автомобили во 2021 година, при што продажбите на новиот ID.4 се проценуваат да достигнат околу 150.000.

Диис призна и дека VW се справила со драматичниот пад во индустријата од минатата година не толку добро, како некои други конкуренти.