Продажбата на електрични возила на групацијата Volkswagen бележи раст од 165% во првото полугодие, поттикната од побарувачката во Европа
САД е втор по големина пазар на Групацијата, додека Кина заостанува.

Испораките на целосно електрични модели од брендовите VW, Audi, Porsche и Skoda кои се дел од Групацијата се зголемија за 165% на 170.939 од 64.462 во истиот период минатата година, објавија од Volkswagen.

Европа е најдобриот пазар со продадени 128.078 електрични автомобили, што е пораст за 156%.

Следат САД каде продажбата се зголемила за 321% на 18.514 продадени електрични автомобили и Кина со раст на продажбите за 110%, на 18.285.

Најпродаван бил моделот ID3, а по него следи моделот ID4.