Германската автомобилска компанија Volkswagen денеска информираше дека фабриките за производство на автомобили во Цвикау, Германија и Братислава, Словачка ќе продолжат производството почнувајќи од 20 април, додека другите локации се планира да стартуваат од 27 април, објавува Ројтерс.
Другите фабрики на Volkswagen во Германија, како и погоните во Португалија, Шпанија, Русија и САД се планира исто така да продолжат со производството од 27 април.
Фабриките, пак, во Јужна Африка, Аргентина, Бразил и Мексико се планира да започнат со производството во мај, соопштуваат од Volkswagen.
Од компанијата информираат дека имаат подготвено план од 100 точки за да се обезбеди безбедна работна средина и максимална здравствена заштита на работниците.
Volkswagen почна полека да ги оспособува за производство своите фабрики за делови во Германија на 6 април, а од 14 април и во Полска за да го обезбеди снабдувањето за производството на возила.