Се повеќе компании се обложуваат на смрт на автомобилите на бензин и целосно вртење на потрошувачите кон електрични и хибридни автомобили.

Целото производство на Volvo ќе биде целосно електрично до 2030 година, соопштија од шведската компанија за автомобили која е во кинеска сопственост.
Со тоа Volvo се придружува на се поголемиот број производители на автомобили кои планираат да ги исфрлат моторите со фосилни горива до крајот на оваа деценија.

„Целосно сум убеден дека нема да има клиенти кои навистина сакаат да останат со бензински мотор“, им рече на новинарите извршниот директор на Volvo, Хакан Самуелсон, запрашан за идната побарувачка на електрични возила. „Убедени сме дека електричниот автомобил е попривлечен за клиентите“.

Од Volvo проценуваат дека 50% од глобалната продажба ќе бидат целосно електрични автомобили до 2025 година, а другата половина хибридни модели.

Во сопственост на групацијата Zhejiang Geely Holding со седиште во Хангжу, Volvo ќе претстави ново семејство на електрични автомобили во следните неколку години, а сите ќе се продаваат само преку Интернет.

Volvo исто така ќе вклучува безжични надградби и поправки за своите нови електрични модели – пристап кој го предводи производителот на електрични автомобили Tesla.

Производителите на автомобили се натпреваруваат да преминат на модели со нулта емисија на штетни гасови, бидејќи се соочуваат со целите на емисии на СО2 во Европа и Кина, a исто така се очекуваат забрани за некои возила со фосилни горива.

Минатиот месец, Ford Motor соопшти дека неговата линија во Европа ќе биде составена од целосно електрични автомобили до 2030 година, додека подружницата на компанијата Tata Motors, Jaguar Land Rover рече дека нејзината луксузна марка Jaguar ќе биде целосно електрична до 2025 година и производителот на автомобили ќе лансира електрични модели од целиот состав до 2030 година

И во ноември минатата година, производителот на луксузни автомобили Bentley, сопственост на германскиот Volkswagen, соопшти дека неговите модели ќе бидат електрични до 2030 година.

Електрификацијата е скапа за производителите на автомобили и бидејќи електричните возила имаат помалку делови, се очекува овој процес да резултира со намалување на бројот на вработени.

Извршниот директор на Volvo, Самуелсон, рече дека електрификацијата во целата индустрија најмногу ќе влијае на постројките за производство на мотори и добавувачи за автомобилски делови кои произведуваат од филтри за масло до инјектори за гориво и свеќи.

„Се разбира, тоа се многу работни места“, рече тој.