Боми 10, една од водечките транспортни и логистички компании во Македонија, денеска официјално започна со работа во својот нов логистички центар, лоциран во општина Илинден.

Новиот центар се простира на површина од 80.000 квадратни метри и опфаќа три специјализирани магацински објекти и модерна административна зграда, дизајнирани да ги задоволат највисоките стандарди за ефикасност и функционалност.

Овој значаен чекор е резултат на повеќе од три децении посветена работа, континуиран раст и проширување. Секоја нова локација е дел од нашата приказна за иновации, квалитет и силна посветеност кон нашите клиенти и партнери,” велат од Боми 10.

Основана во 1987 година со само еден камион, Боми 10 денес е меѓу најголемите транспортни компании во земјата, нудејќи целосни транспортни и логистички решенија за домашни и меѓународни клиенти.