Вучиќ и Ердоган договораат изградба на турска индустриска зона во Војводина

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, изјави дека при неговата посета во Турција, разговарал со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за изградба на индустриска зона во Војводина.
„Разговаравме за индустриската зона што турската компанија треба да ја основа во Војводина. Со тоа би се решило секое прашање на невработеност “, рече Вучиќ по средбата со претседателот Ердоган.
„Имав одличен разговор со претседателот на Република Турција, кого го сметам за пријател на Србија, на сите важни теми. Ако погледнете каде сме биле сите во последниот месец, може да видите една жива активност, голема борба во тешки услови за спас на нашата економија. Зборувавме за нашата политичка соработка, за нашите инфраструктурни проекти на кои работиме, зборувавме за индустриската зона која ќе биде една од двете или трите најдобри во светот и која треба да се создаде на територијата на Војводина. Тоа би бил поттик за раст на нашата економија “, рече Вучиќ.
Тој додаде дека со отворањето на индустриската зона ќе се реши прашањето за платите, пензиите и вкупниот БДП. Тоа, вели тој, би значело дека ќе дојдат голем број турски компании да работат таму, да произведуваат, да имаат свои седишта таму.
Вучиќ рече дека тој и Ердоган разговарале и за инфраструктурни проекти.

Извор: Бизнисинфо.ба