Германскиот производител на оружје „Рајнметал“ и Бугарија договорија заедничко вложување во изградба две фабрики за производство на оружје. Инвестицијата вредна 1 миилијарда евра предвидува изградба на фабрика за барут и за гранати од калибар 155 милиметри, ќе бидат изградени на местото на државниот погон за производство на муниција „ВМЗ“ во Сопот, во јужна Бугарија.
Инвестицијата ја обави Бојко Борисов, лидерот на најголемата партија во владејачката коалиција во Бугарија, ГЕРБ во видео пренос во живо на својот Фејсбук профил посредбата со извршниот директор на „Рајнметал“, Армин Папергер во Диселдорф.

„Фабриката за барут ќе биде голема колку две германски фабрики тука, најголема во Европа. Ова е најретката стока во моментов и сум исклучително благодарен на г-дин Папергер што го избра земјиштето на „Вазовски машиностроителени заводи“ (ВМЗ) за оваа огромна фабрика“, рече Борисов.
Тој ја опиша фабриката за артилериски гранати од 155 мм како „исклучително важна за бугарската армија и за Европа како целина“, додавајќи дека целниот капацитет на фабриката е 100.000 куршуми.
„Ја информиравме Европската комисија за овие два проекта и обезбедивме финансирање од страна на бугарската држава преку механизмот SAFE (Платформа за стратешки технологии за Европа). Сето ова мора да се заврши во следните три недели за да може да се достави до Парламентот за ратификација“, истакна Борисов.
Тој спомена уште еден нов проект, за фабрика за дизајнирање и изградба на дронови, која ќе биде или ново претпријатие на подружницата на веќе постоечка.
„Бугарија е исклучително важна земја за Европа, но и исклучително важна земја за Рајнметал“, рече извршниот директор Папегер во преносот во живо.
„Рајнметал, заедно со Бугарија, наскоро ќе изгради најмалку две фабрики во Бугарија, од кои првата за артилериски гранати“, додаде Папергер. „Уште поважно е нашето заедничко вложување во барут“, рече тој.
Механизмот SAFE ( Security Action for Europe) има за цел да го зајакне одбранбениот капацитет на ЕУ за справување со Русија. Тој беше предложена од Комисијата во март како дел од нејзината поширока програма ReArm Europe и брзо беше усвоена од полското претседателство на Советот.
Со него ќе им се овозможи на земјите-членки да позајмуваат од ЕУ за да купат воена опрема во вредност од 150 милијарди евра..
Извор: BTA