Сојузот на германските индустриски и стопански комори (ДИХК) ја намали прогнозата за раст на германскиот извоз за 2023 година од 2,5% на 1% и покрај подоброто функционирање на синџирите на снабдување по пандемијата Ковид-19.

ДИХК ги објави резултатите од анализата на глобалните деловни перспективи на 5.100 германски компании.

Анализата покажа дека 28% од германските компании кои продаваат стоки во странство очекуваат зголемување на економската активност во следните 12 месеци, а 27% од анкетираните германски компании очекуваат пад на бизнисот.

ДИХК очекува германскиот извоз да порасне за еден процент оваа година поради високата инфлација, зголемувањето на каматните стапки и зголемениот протекционизам во глобалната трговија.

Во ноември 2022 година, Германија очекуваше зголемување на извозот од 2,5 %.

Германската Влада годинава очекува економски раст од 0,2%, а водечките германски економски институти предвидуваат економски раст од 0,3 %.