Во третиот квартал од 2022 година стечаите во ЕУ се значително зголемени, за 16,3% во споредба со вториот квартал од 2022 година, покажуваат податоците на Евростат.
Стечаите во ЕУ растат веќе петти квартал по ред.
Регистрациите на нови бизниси во ЕУ, пак, се зголемиле за 2,6% во третиот квартал од 2022 година во споредба со претходниот квартал, откако претходно благо опаднаа во првите два квартали од оваа година.
Во споредба со претходниот квартал, секторот „транспорт и складирање“ беше единствениот сектор кој забележа намалување на стечаите (-5,4%) во третиот квартал од 2022 година, додека кај сите други дејности е забележан пораст. Најголем пораст на стечаите е забележан во „услуги за сместување и храна“ (+24,0%), „финансиски и осигурителни дејности“ (+17,8%) и „индустрија“ (+16,2%). Најмало зголемување на стечаите се бележи во секторот „информации и комуникации“, за +1,6%.
Најголемо намалување на бројот на стечаи споредено со третиот квартал од 2022 година и периодот пред пандемијата (истиот квартал од 2019 година) се забележани во „градежништво“, „индустрија“ и „информации и комуникација“.
Што се однесува со основањето на нови фирми, податоците на Евростат покажуваат дека во третиот квартал од 2022 година, во споредба со претходниот квартал, регистрирањата на нови бизниси главно се зголемиле во „индустријата“ (+8,1%); секторите „информации и комуникација“ (+2,3%) и „транспорт и складирање“ (+1,8%).
Бројот на регистрации на деловни субјекти во првите три квартали од 2022 година е поголем отколку во претпандемискиот период од 2019 година.