Грција ќе добие уште два терминали за складирање и гасификација за течен природен гас, со што ќе ја зајакне безбедноста на снабдувањето со гас и ќе добие силна улога во транзитот со максимално искористување на својата стратешка локација и нејзините нови коридори за снабдување на Европа и на Балканот, пишува Екатимерини.

Грчките енергетски групи сакаат максимално да ја искористат можноста гасот да биде гориво за мост на патот кон чиста енергија и од потребата на балканските земји да ги диверзифицираат своите извори и да не се потпираат толку на рускиот Гаспром. Затоа, тие дизајнираа и промовираат инфраструктура за нивно влегување во грчкиот систем за ЛНГ. Горивото ќе ги користи грчките цевководи (Трансјадранскиот гасовод, Интерконектор Грција-Бугарија и неговите конектори и планот за интерконекција со Северна Македонија) за да стигне до соседните земји и да ја намали нивната зависност од Турција, која покрај цевководи има инвестирано и во инфраструктурата за ЛНГ, што го прави центар за Југоисточна Европа.

Затоа, покрај островот Ревитуса, во близина на брегот на Атика, Грција е добие терминали и во близина на Коринт и Александрополи.

Проектот за ЛНГ терминал во Александруполи е блиску до запечатување на инвестициската одлука. Буџетиран на 363,7 милиони евра, проектот се состои од пловечка платформа за прием, привремено складирање и гасификација на ЛНГ и подводен и копнен цевковод за горивото да стигне до националниот преносен систем. Проектот го развива Gastrade на Copelouzos Group со учество на Gaslog Investment, DEPA Commercial, операторот за гасна мрежа DESFA и Bulgartransgaz EAD.

Друга порта за влез на природен гас во Грција ќе биде единицата што рафинериската групација Мотор Оил ја подготвува во своите капацитети во близина на Коринт. Ова ќе биде инвестиција која надминува 300 милиони евра и ќе го носи името Dioryga Gas.

Агрегатот ќе има капацитет за складирање од 210.000 кубни метри и капацитет за гасификација од 132.000 MWhs дневно, а просечната годишна побарувачка се проценува на 2,5 милијарди кубни метри. Неговото завршување ќе го зголеми капацитетот за складирање на грчкиот гасен систем за 80%, зголемувајќи ја безбедноста на снабдувањето на Грција.