ЕУРОДИЗЕЛОТ (Д-Е V) и Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ1) од полноќ поевтинуват за три, а бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 за 2,50 денари по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Новата цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) ќе изнесува 83 денари, на Екстра лесното масло за домаќинство 82, ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 81, а ЕУРОСУПЕР БС-98 за 83,00 денари за литар.

За 0,886 денари се намалува и цената на Мазутот М-1 НС и еден килограм ќе чини 45,087 денари.

Mалопродажните цени на нафтените деривати со најновата одлука на Регулаторната комисија за енергетика се намалуваат во просек за 2,97%.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување кај бензините во просек за 5,504% или за 46,850 $/тон, кај дизелот намалувањето е во просек за 6,376% или за 61,650 $/тон, кај екстра лесното масло намалувањето е во просек за 6,742% или за 63,900 $/тон и кај мазутот намалување во просек за околу 2,465% или за 13,000 $/тон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.
Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период, во просек изнесува 58,4458 ден/$ и е за околу 0,024% повисок од курсот на доларот (58,4317 ден/$) по кој беа формирани цените со претходната пресметка
“, се вели во одлуката на Регулаторна.