Противењето на планираната забрана на Европската унија за продажба на нови автомобили со мотори со внатрешно согорување од 2035 година се повеќе се зголемува, а врвните директори од Mercedes-Benz и Toyota го искажуваат своето мислење за оваа тема пред клучен преглед на законодавството.
Ни треба проверка на реалноста. Инаку, одиме со полна брзина во ѕид“, вели Ола Калениус, извршен директор на Mercedes.

Во интервју за германскиот бизнис весник „Ханделсблат“, Ола Келениус предупреди дека ако забраната на ЕУ за продажба на нови автомобили со внатрешно согорување остане на сила до 2035 година, европската автомобилска индустрија ќе колабира. “Секако, мора да се декарбонизираме, но тоа мора да се направи на технолошки неутрален начин. Не смееме да ја изгубиме од вид нашата економија.“

Само пред неколку години, Mercedes-Benz беше уверен дека целосно ќе се фокусира на електрични возила во Европа. Во 2021 година, тој предвиде дека до крајот на деценијата ќе престане да продава автомобили со мотори со внатрешно согорување „каде што пазарните услови дозволуваат“. Луксузниот бренд не само што се откажа од оваа амбициозна цел, туку направи и пресврт од 180 степени. Без возила со внатрешно согорување, раководителот на компанијата верува дека локалната автомобилска индустрија ќе „пропадне“.

Шефот на Mercedes, кој е и претседател на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA), предупредува дека европската автомобилска индустрија ќе „пропадне“ ако ЕУ не ја укине забраната.
Пред регулаторите да ги забранат новите возила со внатрешно согорување, Келениус предвидува дека клиентите ќе брзаат да купуваат автомобили на бензин и дизел пред рокот, кој треба да стапи на сила за девет и пол години, што „воопшто не помага на климата“.

Електричните возила не се ни блиску до 100-процентниот пазарен удел што ЕУ сака да го наметне. Во првата половина од годината, автомобилите без мотор со внатрешно согорување учествуваа само со 17,5 % од вкупната продажба во земјите од ЕУ, Велика Британија и земјите од Европската асоцијација за слободна трговија (ЕФТА), имено Исланд, Лихтенштајн, Норвешка и Швајцарија.
Податоците на ACEA, исто така, покажуваат дека plug-in хибридите претставуваа само 8,7 % од вкупните испораки. Традиционалните хибриди учествуваа со 35%, но таа бројка ги вклучува и благите хибриди, за кои многумина би рекле дека не се „вистински“ хибриди.

Забраната на ЕУ од 2035 година не е фиксна, бидејќи е закажана за нејзино разгледување во наредните месеци. Сепак, дури во март, Европската комисија (ЕК), извршната власт на ЕУ, ја потврди својата посветеност на емисии на CO₂ од 0 g/km за нови автомобили продадени од средината на следната деценија.
Во тоа време, ЕК изјави дека ќе „ја забрза работата на подготовката на предвидениот преглед на Регулативата за стандарди за CO₂ за автомобили и комбиња“, сигнализирајќи можна претходна повторна проценка на забраната.

Mercedes има причина да биде загрижен за потенцијалното влијание врз своето работење. Продажбата на електрични возила учествуваше со само 8,4% од нејзините глобални испораки во првата половина од 2025 година, што е намалување од 9,7% во истиот период од 2024 година. Дури и кога се вклучени PHEV возилата, електрифицираните модели сочинуваа само 20,1 % од вкупните испораки во првите шест месеци од годината.

Дали здравиот разум ќе преовлада, останува да се види, но со оглед на силниот отпор со кој се соочува ЕУ, постои надеж дека забраната би можела да се олесни до одреден степен. Не e за изненадување и ако се донесе долука барем, plug-in хибридите, а можеби и целосно хибридите, продолжат и по 2034 година.