Во периодот од јануари до август годинава, од Македонија биле извезени 20.500 тони кондиторски производи во вредност од 56,5 милиони евра, покажуваат податоците од Државниот завод за статистика.
Во споредба со истиот период минатата година, вредноста на извозот бележи пад од 5,8%, додека обемот на извезените производи е намален за 8%.

Кондиторските производи се извезувале во 60 земји ширум светот, при што на 16 пазари имало извоз поголем од 1 милион евра.

Најголеми извозни пазари биле Косово со извоз од 8,9 милиони евра, Романија – 6,2 милиони евра, Србија – 5,5 милиони евра, Хрватска – 5,1 милион евра, Босна и Херцеговина – 2,9 милиони евра, Бугарија – 2,6 милиони евра, Германија – 2,49 милиони евра, Унгарија – 2,3 милиони евра, Чешка – 2 милиони евра и Грција – 1,8 милиони евра.

Најголеми извозни компании на кондиторски компании се Макпрогрес, Витаминка, Виталиа, Свислион, Европа, Лион и др.