Во првите три месеци годинава македонските компании извезле производи во вредност од 2,1 милијарди евра, што е за 9,6% повеќе во споредба со истиот период лани.
Количински во првите три месеци годинава биле извезени 780 илјади тони производи, што е за 1,9% помалку во споредба со истиот период лани.
Увозот, пак, во истиот период изнесувал 2,7 милијарди евра, што е намалување од 2,7% во однос на истиот период лани, главно заради намалените цени на нафтените деривати од увоз. Заради намалениот извоз, покриеноста на увозот со извозот се зголеми на 79,1% во март, односно 77,1% во првите три месеци годинава.
Најголем извоз е остварен со продажба на хемиски производи во вредност од 714 милиони евра, раст од 9,8% вредносно и раст од 5% на извезените количини.
Втора најголема ставка во извозот во првите три месеци е извозот на машини и транспортни уредни во вредност од 556 милиони е евра, што е раст од 23% на вредноста и 14,6% раст на количините.
Следи извозот на електрични машини, апарати и делови во вредност од 329 милиони евра, што е зголемување на вредноста од 18,6% , а на количиите од 10,3% во споредба со истиот период лани.
Голем раст на извозот од 27,9% има кај фармацевтските производи и лекови, чиј извоз достигна вредност од 42,5 милиони евра.
Продолжува големиот пад на извозот во металопреработувачката индустрија. Голем пад од дури 39% има кај извозот на железо и челик, кој во првите три месеци изнесуваше 156 милиони евра, додека количински извозот на оваа група производи е намален за 14,6%.
Извозот на производи од метал се намали за 16,7% во првите три месеци достигнувајќи вредност од 21 милион евра. Извозот на храна во првите три месеци изнесуваше 101 милион евра, што е раст од 17% на вредноста, но количининска е намалување од 8,7% во споредба со истиот период лани. Извозот на зеленчук и овошје во истиот период изнесува 39,8 милиони евра, 20% раст вредносно, но намалување од 4,7% на извезените количини.