Двојно зголемен извозот на зелка во првите два месеци годинава во споредба со лани
Добар старт на годината за македонските производителите и извозници на свежа пролетна зелка. Во првите два месеци годинава на странските пазари биле продадени речиси 8 илјади тони свежа зелка, од што е остварен извозен приход од 4 милиони евра.
Извезените количини на зелка во првите два месеци годинава се поголеми за 50% во споредба со истиот период лани, додека остварените извозни приходи се поголеми двојно, односно за 100%.
Македонската зелка во првите два месеци годинава се продавала на 16 пазари. Најголеми извозни пазари биле Романија, Србија, Украина, Молдавија, Бугарија и Полска.
Минатата 2024 година извозот на зелка од Македонија донесе извозен приход од 29,6 милиони евра, намалување од 1,3% во споредба со претходната година.